Го претепал во ќелијата во Идризово

by Fokus

Триесет и двегодишен скопјанец пријавил дека во ќелијата бил напднат од затвореник во Идризово, информираа од МВР.

Според полицијата, вчера во 13.30 часот во Арестантско одделение при комплексот клиники „Мајка Тереза”, Е.М. (32) од Скопје пријавил дека на 08.05.2018 година околу 13.00 часот во ќелија во Казнено поправна установа „Идризово” физички бил нападнат од С.Р. при што му била нанесена тешка телесна повреда.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Поврзани новости