Утре без вода делови од Кисела Вода

by Fokus

Поради поврзување на водоводна мрежа на ул. „Петар Дељан“ денеска без вода ќе бидат корисниците од ул. „Петар Дељан“ бр.5, како и објектите на општина Кисела Вода и градинката Весели Цветови, сите во општина Кисела Вода.

Како што информираат од РЦУК, прекинот во водоснабдувањето ќе биде во периодот од 11 часот па се до завршување на работите.

Поврзани новости