Го качиле на дрво и го оставиле: Тројца пожарникари спасувале момче на „Партизанска“

by fokus 09:39
09:39

Противпожарната бригада на Град Скопје ноќеска по еден часот интервенирала при спасување на 18-годишно момче кое се качило на дрво на улицата „Партизански одреди“ бр.85, јавува МИА.

Момчето се качило на дрвото со помош на другарите кои потоа го оставиле и заминале. Момчето било качено на 3,5 метри на дрвото, а спасувањето траело од 01:30 до 02:10 часот.

- Advertisements -

Во спасувањето учествувале тројца пожарникари.

Од полициската станица во Карпош не сакаа да дадат повеќе детали на случајот.

Поврзани новости