Пожарите беснеат на десетина локации, најкритично е во делчевско-пехчевскиот реон

by fokus

Пожарите во Делчево, Пехчево, Свети Николе, Штип, Прилеп, Куманово, Валандово и Радовиш се уште се активни, а повторно гори и во Гостивар. Како што информираа од Центарот за управување со кризи, под контрола е ставен пожарот во Сарај, во атарот над селата Раовиќ и Буковиќ.

Во Делчево, согласно состојбата до 14 часот, уште е активен пожарот во атарот на селото Нов Истевник, и е во дијаметар од 15 километри, а опожарени се околу 1.000 хектари. Во овој момент, најкритично е кај Света вода, меѓу селата Тработивиште и Разловци.

На терен интервенираат 60 припадници на Армијата, 22 припадници на МВР ЕБР, МВР Тигри со 24 припадници, ШС Голак Делчево со 25 вработени и четири теренски возила, ТППЕ Делчево со 12 пожарникари, две ПП возила и едно теренско возило, гранична полиција со четири теренски возила итн.

Во Пехчево, пак, пожарот на м.в.Бајаз Тепе уште е активен кај селата Робово, Умлена и Чифлик. Опожарена е високостеблеста дабова и борова шума, нискостеблести растенија, смрека, стрништа и пасишта. Поради силината на ветерот пожарот го префрли регионалниот пат Берово-Делчево и се движи накај селото Црник. Патниот правец е забранет за движење.

Поврзани новости