Апаратите за отпечатоци ДИК ќе ги набави од Дермалог

by fokus

Апаратите за земање отпечатоци на прст, со кои ќе се врши биометриска идентификација на гласачите на претстојните локални избори во октомври, дефинитивно ќе се набават од германската компанија „Дермалог“, откако заврши жалбената постапка пред Државната комисија за жалби по јавни набавки, пред која пристигнала жалба од една од останатите три фирми кои конкурираа на тендерот.

-Комисијата пред околу половина час доби известување од Државната комисија за решавање по жалби по јавни набавки дека жалбата поднесена во тендерската постапка за набавката на уредот за биометриска идентификација на гласачите со отисок од прст е одбиена. Тоа значи дека конечно ДИК како договорен орган има правосилна, конечна одлука во постапката, избран е економскиот оператор и во наредниот краток период ќе се пристапи на склучување на договор со истиот за набавката на уредните – рече членот на ДИК Оливер Спасовски.

Претседателот на ДИК, Александар Даштевски, исто така порача дека со ова е исполнет и последниот услов за одржување на локалните избори и изрази надеж дека со овие апарати ќе се оствари правото „еден гласач-еден глас“.

Поврзани новости