Германски Шпигел: Недопирливите против мафијашката држава

by Фокус

Политичката елита на Македонија е вклучена во криминални активности, станува збор за изборна измама, прислушување, корупција. Сега постапувa Специјално обвинителство. Водечките обвинителки се популарни поради нивната храброст, пишува германскиот неделник Шпигел , во текстот под наслов „Недопирливите протов државната мафија“, посветен на Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева и двете обвинителки од нејзиниот тим Ленче Ристовска и Фатиме Фетаи.

Главната обвинителка во нејзиното обраќање се престави како бескомпромисна. „Правдата ќе победи“, вели Катица Јанева.

– Се чувствувам слободна и силна, бидејќи Уставот и законите се на моја страна. Ако другите молчат, јас нема да молчам”. Првиот случај таа го именува со кодно име “Титаник” а потоа зборот им го предаде на своите две помлади колешки. Фатиме Фетаи го претстави предметот “Титаник”, кој е случај на големи изборни измами од страна на “организирана криминална група” составена од министри и високи државни функционери.

Со овој случај започнало криминализирање на целиот институционален систем во Македонија. Нејзината колешка Ленче Ристоска потоа зборуваше за бројните обиди на политичките партии и државните институции да ја попречат истрагата. Таа заклучи со зборовите: “Во рамките на законите, ние ќе ја овозможиме правдата”.

На 12 февруари годинава во зградата каде се канцелариите на на СЈО во македонскиот главен град Скопје, Катица Јанева (51), Фатиме Фетаи (31) и Ленче Ристоска (33),се трите водечки обвинителки на Специјалното обвинителство (СЈО), информираа за својата работа.

Станува збор за истраги за изборна измама, прислушување, корупција сторени од автократскиот националистички режими на Никола Груевски, кој е десетгодишен водач на Македонија. Трите обвинителки покажаа храброст јавно да го кажат нивното мислење за криминалите на режимот.

На социјалните мрежи возбуда и конструирани напади 

Од 12 февруари, трите обвинителки се хероините во јавноста. На социјалните мрежи предизвикаа еуфорија и возбуда што се спеделуваат слики преку кои тие се преставуваат како борци. Постојат неколку Фејсбук фан страници за нив.

Публицистот Сашо Орданоски ја објаснува еуфорија вака: “Моментално СЈО е единствената институција во Македонија која се залага за владеење на правото и почитување на демократските правила.”

Истовремено трите жени со нивниот настап станаа најголеми непријатели на режимот на Груевски. Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ и нејзини високи државни претставници зборуваат дека Специјалното обвинителство нема легитимитет. Во последните неколку недели се поднесени бројни тужби против три водечки обвинителки на СЈО.

Минатата година сите партии учеснички во договорот се согласија да се формира Специјално обвинителство со посредство на ЕУ за разрешување на сериозна политичка криза меѓу двата политички табори.

Кризата беше предизвикана од скандалот со прислушувањето.

На почетокот на 2015 година кај една опозициска партија од непознати лица протеока бројни снимки од телефонски разговори во кои владините политичари зборува во стилот на мафијашките босови за изборни измами, рекет и изнуда, влијание врз медиумите и судството. Потоа следуваа масовни протести со месеци. Владата возврати дека станува збор за обид за пуч од опозицијата.

Апсолутно цврсти и непристрасни 

СЈО е основано во септември 2015 година треба да ги утврди случаевите на аферата со прислушувањето.

Јанева е сериозна. Таа е искусен обвинител и знае што прави и како да се бори против организираниот криминал. Нејзините две помлади колешки се меѓу најдобрите правници во земјата. Трите се апсолутно партиски непристрасни.

Проблемот за власта во крајна линија се сведува на опстанокот на власт на Груевски и неговиот режим.

Не е чудно што работата на СЈО се одлага: Против СЈО како независна институција е поднесена пријава за нејзиниот неуставен статус. Истотака и Буџетот на СЈО беше одобрен со закаснување со месеци а судот одбива да им ги предаде актите и доказите.

Медиумите блиски на Владата никогаш не пропуштаат можност да го оцрнуваат СЈО и Јанева со сомнителни обвинувања- за наводни нелегални средства и неморален начин на живот. Додека пак од друга страна дел од јавноста поради отсуство на силна демократска опозиција, од СЈО имаат месијански очекувања.

Ќе имам чиста совест 

Како се живее со овие екстремности? Трите обвинителки велат дека се опуштени и однапред ги очекувале нападитете и и биле спремни да се соочат.

Фетаи вели дека таа и нејзините колеги од многу луѓе се охрабрувани.

-Не очекувавме, но подршката од граѓаните е убаво изненадување. Луѓето имаат доверба во нас но таа може брзо да исчезне, токму тоа е поттик да работиме понапорно – вели таа.
Зошто трите обвинителки всушност ја прифатиле работата во СЈО?

Во Македонија лесно може да се случи да ги чини нивната кариера. Прашањето ги изненади трите, затоа што тие не размислувааат на тој начин.

-Да, мојата кариера може да биде завршена – вели Ристоска -Но, јас ќе имам чиста совест и да спијам мирно, бидејќи знам дека постапувам според моите принципи и моето уверување.

Заклучок 

Три обвинителки во Македонија се борат против државната мафија. Владата се обидува да ги саботира нивните истраги, опозицијата има големи надежи во обвинителките.

Поврзани новости