Кирацовски: На Уставниот суд му е должност да биде чувар на Уставот, а не партиска марионета

by Фокус 13:30
13:30

Во медиумите под контрола на власта на Груевски влегуваат огромни суми ваши, народни пари, затоа тие ги објавуваат нивните лаги, наместо вашите вистини. Само за три години, на телевизиите Сител, Канал 5 и Алфа, власта на Груевски им дала огромни 13 милиони евра, истакна Потпретседателот на СДСМ и дополнителен заменик министер за информатичко општество и администрација Александар Кирацовски на средбата со граѓаните во Тетово.

– За да има фер и демократски избори мора да се обезбеди објективно информирање, на што граѓаните имаат право по закон. Потребна е политичка зрелост да се реши прашањето со медиумите, и власта на Груевски и на ВМРО-ДПМНЕ ако нема што да крие, нема од што да се плаши, ама јасно е дека тоа не е така. Но, да не се надеваат на уште едни нерегуларни избори. На Уставниот суд му е должност да биде чувар на Уставот, а не партиска марионета. Ова што го прават уставните судии под контрола на групата која слушнавме дека е обвинета за злосторничко здружување за изборен криминал е невиден преседан. Уплашената власт нема да се спаси преку Уставниот суд – рече Кирацовски.

 

- Advertising -

Поврзани новости