Германската амбасадорка: Ме иритира што Владата не презема одговорност

by Фокус

-Сериозните обвинувања кои произлегуваат од најновите настани и откритија се уште не се соодветно адресирани од Владата. Што ме иритира, како што ги иритира и другите западни набљудувачи на политичката сцена во Скопје, рече амбасадорката на Германија во Македонија, Кристине Алтхаузер во пораката што ја испрати до власта на предавањето на Правниот факултет, кое се однесуваше на ЕУ-Западен Балкан.

Таа прецизираше дека политичките последици од обвинувањата се неизбежни, а под политички последници подразбира оставки како предуслов за транспарентна и непартиска судска разрешница. Таа рече дека само преку кредибилна истрага кој ја враќа политичката и судска одговорност на функционерите и политичарите, може да се зачува евро-атлантската перспектива.

-Во политичкиот дијалог интересот на државата треба да надвладее над партиските интереси што овдешната политичка култура не го покажа. Партиските вработувања во државните институции продолжуваат заедно со мешањето во независноста на медиумите, особено јавниот сервис не само што доведоа до оваа криза туку и граѓаните станаа жртви на оваа политика на државните институции, заклучи Алтхаузер

Поврзани новости