Владата не го признава Пленумот, кампувањето пред МОН продолжува

by Фокус

Средношколскиот пленум и Министерството за образование не постигнаа договор и бојкотот на наставата и кампувањето пред МОН ќе продолжат. Ова е резултатот на денешната средба на претставници на Пленумот и заменик-министерот за образование, Спиро Ристовски. Министерот Адеми само накратко ги посетил засегнатите страни на средбата.

-Ние баравме средба за да го ставиме бојкотот во мирување, се зависеше од тоа. На средбата ништо не се постигна, така што бојкотот и кампувањето продолжуваат, изјави Исмет Шабановиќ од Средношколскиот пленум за Радио МОФ.

Додека траеше средбата, министерот Адеми и вицепремиерот Владимир Пешевски како претставник на Владата, одржаа пресконференција за да ги повикаат средношколците да се вратат на настава.

Пешевски рече дека Средношколскиот пленум не е легитимен, а денешната средба со неговите претставници била само поради нивната безбедност при кампувањето и за тие да се вратат на училиште.

Поврзани новости