ГДУ: Со помалку пратеници и министри, ќе имаме пари да инвестираме во училишта

by Frosina Fakova

Намалување на бројот на пратеници од 120 на 90, проследено со повеќе реформи на администрацијата кои треба да овозможат и позитивни промени за намалување на непродуктивните трошоци на централниот Буџет, ќе се залагаме и за намалување на бројот на министри, како и на бројот на членовите на општинските совети и на Град Скопје, најавува Граѓанско демократката унија (ГДУ).

– Во период од една до три години партијата верува дека може да се спроведат промени кои ќе ѝ овозможат на Македонија на секои избори да добива функционален и репрезентативен законодавен дом, но и ќе ја ограничат моќта што пратеникот ја добива со неговиот глас. Неопходна е и рационализација на владата, односно намалување на бројот на министерства, агенции и други органи кои се во нејзин состав. Во моментов тие се дел од политичкиот пазар меѓу партијата на власт и соработниците и се користат за раздолжување за некаква поддршка или верност. На новиот парламент дванаесет месеци би му биле доволен период за рационализација на администрацијата. Резултатот ќе биде ослободување на финансии што ќе може да се искористат за капиталните проекти што ќе го подобрат животот на сите граѓани во Македонија, изјави претседателот на Граѓанско демократската унија Петар Колев.

Поврзани новости