Гаши ќе оди кај Рама да ја решава политичката корупција во Македонија

by Fokus

Алтернaтивa ја прифати поканата на албанскиот премиер Еди Рама без намера да влегува во дневно политичките агенди на другите поканети.

„Сакаме да потенцираме дека како партија на иднината сме подготвени да разговараме со секого ако темите се важните прашања кои ги загрижуваат Албанците во Македонија. Имаме сопствена агенда и за истата очекуваме поддршка од сите присутни. Еден од приоритетите е нашиот Уставен амандман за спречување на застарување на кривичните дела поврзани со политичката корупција. Најважно од се’ е дека нема нашиот политички капитал да го жртвуваме за амортизирање на ничија партиска криза. Граѓаните треба да бидат спокојни и да бидат сигурни дека претседателот на Алтернативa, Африм Гаши, ќе продолжи да биде нивниот глас“, велат од партијата.

Поврзани новости