Гаши го фали СДСМ: Имаат заслуги за НАТО и ЕУ

by Фокус

Лидерот на Алтернатива, Африм Гаши, после денешната неуспешна иницијатива за изгласување на недоверба на владата, од која дел беше и тој, изјави дека како партија немаат забелешки за СДСМ на Зоран Заев.

-Тие имаат заслуги за членството на државата во НАТО. Имаат заслуги и за европската агенда – рече Гаши на ТВ 21, додавајќи дека за да бидат дел од владата ќе треба да разговараат во партијата.

Инаку, Фокус објави дека Алтерантива е на чекор до конечен договор за приклучување во владата, во која треба да добијат две министерски места.

Дали мнозинството ќе порасне до 65 пратеници?

Поврзани новости