Џафери ја затвори седницата за недоверба

by Фокус

Спикерот Талат Џафери пред полноќ ја затвори собраниската седница закажана по иницијативата за недоверба на владата, која не можеше ниту да започне поради недостиг на кворум за изгласување на дневниот ред.

-Имајќи во предвид дека за 20-на минути завршува третиот ден и тие немаа кворум за целта за која беше поднесено ова прашање, дневниот ред не е изгласан. Не ни останува ништо друго освен да констатираме дека не и е изгласана недоверба на владата и таа продолжува – рече Џафери, во присуство на членови на владата.

Ваков епилог следува дека Кастриот Реџепи од Беса одлучи да не се појави во парламентот, иако беше еден од 61 потписници за недоверба на владата.

Поврзани новости