424
Водата на реката Брегалница не престанува да надоаѓа, водостојот се повеќе се зголемува, а брзата река носи се пред себе. Според информации од граѓаните таму, водата веќе стигнала до куќите, а подрумите се полни.
На влезот од градот од десната страна реката почнала да се излева и веќе е дојдена 30 метри до куќите кои се наоѓаат во нејзина близина. Критични точки се повеќе населени места по течението на Брегалница и тоа: Делчево, Виница, Чешиново- Облешево, Кочани, Карбинци и Штип.