Новиот претседател на ЛДП: Не е пуч, доколу опозицијата со легитимни средства сака да дојде на власт

by Фокус

Либерално-демократската партија денеска на шестото собрание го избра новиот претседател на партијата. На претседателското столче, на местото на досегашниот лидер, Андреј Жерновски седна Горан Милевски. Тој смета дека власта на Груевски продолжува да владее се поавторитарно со методи на заплашување и апсење на политичките противници и другите неистомисленици.

-Не може да се смета за пуч, доколку опозицијата со легитимни средства сака да дојде на власт. Секаде опозицијата настојува да ја урне власта. Ако не се плашат, неутрална влада нека организира предвремени избори – истакна Милевски.

Досегашниот претседател Андреј Жерновски вели дека режимот мора да падне и во таа насока има сериозни прегрупирања и внатре во ВМРО-ДПМНЕ и во власта кои се против Груевски

-Ни претстои најкрвавиот период на политичката сцена – финалната разврска. Премиерот Груевски ќе сака оваа ситуација да заврши со предвремени избори за да го пресретне компромитирачкиот материјал, кој за жал, засега не е објавен, но се надевам ќе биде – вели Жерновски.

 

Поврзани новости