Во рамки на иницијативата за регионална соработка покрената од српскиот претседател Александар Вучиќ, денеска во Охрид се оддржа втората средба меѓу Вучиќ, премиерите на Македонија и Албанија, Зоран Заев и Еди Рама, а на средбата уште учествуваа и претседателот на Советот на министри на Босна и Херцеговина, Денис Звиздиќ, како и министерката за економија на Црна Гора, Драгица Секулиќ.
Слично како и на многу официјални средби во минатото, така и овојпат албанскиот премиер Рама го привлече вниманието со неконвенционалниот дрес-код, односно со адидас-патиките што ги носеше во комбинација со класичен костум, со што се пошегува и Вучиќ.
Подоца, пак, српскиот претседател се обиде на нетипичен начин да го објасни односот на ЕУ кон земјите од Западен Балкан, велејќи:„ Јас како мал бев заљубен во една холивудска актерка, се мислев како да дојдам до неа, но таа никогаш не слушнала за таква будала…“
ФОТО: Томислав Георгиев