Писмо на Поповски, Коѕиас, Вигенин, Пушиќ, Бушати: ЕУ да ја поправи стратешката грешка со Македонија и Албанија!

by Фокус

Спротивставувањето на почетокот на пристапни преговори за Северна Македонија и Албанија е стратешка грешка и ги поткопува авторитетот и кредибилитетот на ЕУ, пишува во отвореното писмо на 10 поранешни министри за надворешни работи, меѓу кои и поранешните шефови на македонската и грчката дипломатија, Никола Поповски и на Никос Коѕијас.

Покрај нив, потписници на отвореното писмо коешто го објавува грчкиот весник „Та неа“ се и поранешниот премиер на Црна Гора, Игор Лукшиќ, поранешниот заменик-канцелар на Германија, Зигмар Габриел, поранешната вицепремиерка на Хрватска, Весна Пушиќ, како и поранешните шефови на дипломатиите на Албанија – Дитмир Бушати, на Кипар – Јоанис Касулидис, на Бугарија – Кристијан Вигенин, на Австрија – Карин Кнајсл и на Србија и Црна Гора – Горан Свилановиќ.

„Спротивставувањето на почетокот на пристапни преговори е стратешка грешка што придонесува во зацврстувањето на статусот-кво на Западен Балкан и во неактивноста на ЕУ во еден се повеќе непостојана геополитичка средина. Должност на Европската унија е да придонесе во стабилноста и безбедноста на Југоисточна Европа. Затоа, интеграцијата на Западен Балкан треба да ја сфати како елемент на одговорна политика, а не како товар. Освен тоа, спротивставувањето на почетокот на пристапни преговори со гореспоменатите земји ги поткопува авторитетот и кредибилитетот на ЕУ“, стои во писмото.

Неговите потпосници сметаат дека процесот на интеграција на Западен Балкан е стабилизирачки процес во регионот, но и еден вид на стратешки клуч за ЕУ да има меѓународно политичко влијание.

„Пристапниот процес ќе продолжи многу години, а додека трае ќе има доволно време за да се комбинира потребата за дополнителна кохезија на ЕУ со потребата да се задржи во живот европската перспектива на земјите од Западен Балкан. Според тоа, почетокот на пристапни разговори со Северна Македонија и Албанија, врз основа на нивните обврски, е императив и треба да има согласност на следниот Самит на ЕУ“, се наведува во писмото.

Поврзани новости