Габриел: Уставните измени не се единствената обврска за Скопје

by fokus

Министерката за надворешни работи на Бугарија, Марија Габриел ги посочи трите поврзани инструменти кои се дел од компромисот меѓу Скопје и Софија.

Имаме и многу јасна позиција на Народното Собрание“, потсети бугарската вицепремиерка и министерка за надворешни работи, Марија Габриел за Дојче веле.

„Не се само уставните измени, туку и Договорот за добрососедство и двата Протокола. Ние имаме три заемно сврзани инструменти, кои се дел од таканаречниот компромис од јули 2022 година, Уште повеќе, пак, ние имаме и многу јасна позиција на Народното Собрание“.

Ова е дел од одговорот на бугарската вицепремиерка и министерка за надворешни работи, Марија Габриел, на прашањето – што се случува со преговарачкиот процес на Република Македонија за присоединување со ЕУ, дали земјата го почитува тоа што е побарано од неа, и каков е ставот на Бугарија?

Габриел го даде одговорот на седница на собраниската комисија за прашања на Европската унија, Шенген зоната и еврозоната.

„Тоа на што инсистираме што јас и мојата екипа во секакви формати, тоа што е важно за нас, е да видиме – ако има тешкотии со уставните измени, каков е напредокот по останатите теми? Вистината е дека направивме две технички средби – една во јули во Софија, една во октомври во Скопје – и за жал, утврдуваме дека по нив нема напредок“, рече Габриел.

Таа уште на почетокот потсети на заклучоците по минатонеделниот самит ЕУ – Западен Балкан. Како што е познато, во Декларацијата издадена по тој самит не се спомнува Македонија, но наведено е значењето од спроведување на два билатерални договори.

„Спроведувањето на билатералните договори со добра волја и конкретни резултати останува значајно, вклучително Преспанскиот договор со Грција и Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија. Сѐ уште се неопходни одлучни дополнителни напори за поттикнување на помирувањето и регионалната стабилност, како и пронаоѓање и спроведување на конечни, инклузивни и обврзувачки решенија за регионалните и билатералните спорови и прашања меѓу партнерите, вкоренети во наследството од минатото, во согласност со меѓународното право и воспоставените принципи (…) ЕУ исто така ги повикува партнерите да ги гарантираат правата на припадниците и еднаквиот третман на припадниците на малцинства“, се вели во овој дел од Декларацијата.

Поврзани новости