Фуере: Груевски падна поради партизацијата, оваа влада да не ги повторува ужасните грешки

by Фокус

Владата треба да го задржи курсот на реформи и да не ги повторува ужасните грешки на претходната власт, како што е случај со јавната администрација, вели поранешниот амбасадор на ЕУ Ерван Фуере во интервју за МИА.

-Сегашната влада започна со голема порака на промена и промоција на инклузивен систем на владеење кој нема да ја повтори партизацијата на политиката пради која падна режимот на Груевски, заробувањето на државата, така што мислам дека сегашната Влада треба да биде внимателна да го задржи фокусот на реформите. Ова се реформи кои ќе направат разлика за општеството пошироко – смета Фуере.

Според него, разочарувачки се информациите дека за гласовите за ратификација на Преспанскиот договор се склопувале договори за амнестија.

-Ако е тоа вистина, тоа го поткопува владеењето на правото и кампањата која го мобилизираше граѓанското општество за промена: нема мир без правда. Владата треба да биде внимателна да го сочува тоа – изјави Фуере за МИА.

За бегството на екс премиерот Никола Груевски во Унгарија, Фуере вели дека улогата на Унгарија е негативна, но, според него, бегството остава лоша дамка и врз  безбедносните и полициските сили.

Поврзани новости