Фудбалер на Ница се заканува дека ќе скокне од мост

by Fokus
Фудбалерот на Ница, Алексис Бека се заканува дека ќе скокне од вијадуктот Мањан на автопатот А8, пренесуваат француските мдиуми.

На местото на настанот се сите служби за итна помош, брза помош, пожарникари, полиција и психолог испратен од клубот.  Поради ова Ница ги откажа сите закажани обраќања до медиумите планирани за денеска.

Во тек е состанок на кризниот тим на клубот. RMC Sport пренесува дека се работи за Алексис Бека Бека, 22-годишен француски играч од средниот ред. Се наоѓа на вијадуктот на височина од околу 100 метри, пренесуваат француските медиуми. 

Според нивните информации, фудбалерот неодамна ја раскинал врската. 

Поврзани новости