Форумот на слободоумни патриоти информира дека е против продажбата на Офицерскиот дом, еден од симболите на Битола.
Тие ја поддржаа акцијата на граѓаните и на невладините организации од Битола под мотото “Стоп за продажбата на историјата и националното богатство”.
– Сметаме дека Офицерскиот дом во Битола како историски и архитектонско афтентичен објект треба да остане во сопственост на Република Македонија и истиот не смее да биде предмет на продажба или било каква концесија. Офицерскиот дом треба и мора да е објект заштитен со Законот за заштита на културното наследство. Го повикуваме Премиерот Димитриев и министрите во преодната Влада во интерес на заштита на Македонското културно наследство да ја поништат спорната одлука и да донесат одлука со која Офицерскиот дом ќе го прогласат за објект заштитен со Законот за заштита на културното наследство – се наведува во соопштението од Форумот.