Во зима, температури и до 19 степени

by Фокус

Времето денеска ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена облачност, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Максималната температура ќе биде до 19 степени.

До среда ќе се задржи стабилно и релативно топло време, што ќе услови понатамошно топење на снежната покривка на планините. Во вторник и среда, по одделни котлини има услови за појава на магла во утринските часови.

Поврзани новости