ФРОДЕМ: На повидок е дуализам во управувањето со МВР

by fokus

Од Фронтот за демократска Македонија (ФРОДЕМ) реагираат на денешната одлука на Владата за избор на нов министер за внатрешни работи, на само еден ден пред формирањето на техничката влада.

Од ФРОДЕМ велат дека со назначувањето на Оливер Андонов за министер за еден ден, власта го прекршува договорот за избори.

-По којзнае кој пат, Груевски го прекрши договореното. По денешната експресна одлука за избор на нов министер за внатрешни работи и разрешувањето на директорите на Бирото за јавна безбедност и на Управата безбедност и контраразузнавање и назначување на партиски послушници на нивно место, дополнително го партизираа ова министерство. На повидок е дуализам во управувањето со Министерството за внатрешни работи на Република Македонија. Паднаа во вода заложбите за имплементација на реформските приоритети и препораките од извештајот на Прибе договорени со последниот анкес на Договорот од Пржино- стои во соопштението од ФРОДЕМ.

Инаку, Андонов ќе биде министер за внатрешни работи само еден ден, до назначувањето на Оливер Спасовски од СДСМ, кој на ова место се враќа како дел од преодната влада, која почнува да функционира в сабота.

Поврзани новости