Оливер Андонов ќе биде министер само еден ден

by fokus 17:27
17:27

Професорот Оливер Андонов доаѓа на местото министер за внатрешни работи откако досегашниот министер Митко Чавков ненадејно поднесе оставка.

Андонов доаѓа во МВР на само еден ден пред изборот на техничката Влада, во која ќе бидат сместени и опозициски министри.

Тој ќе биде министер до утре, кога според договорот од Пржино, фотелјата во МВР треба да ја преземе министер од редовите на СДСМ.

Ова значи дека кога ќе се формира новата преодна влада, Оливер Андонов ќе биде дополнителен заменик министер за внатрешни работи, а министерот ќе биде Оливер Спасовски од СДСМ.

Митко Чавков е назначен за директор на Бирото за јавна безбедност.

Поврзани новости