361
Љубомир Фрчковски во вечерашното гостување на Телма рече дека сега климата во Македонија за решавање за спорот за името со Грција е многу подобра, отколку порано.
-Во овој случај климата е добра. Цената која политичката елита ќе ја плати нема да биде толкава како што се плашевме порано .Има активни поддржувчи за решение, има пасивни поддржувачи, а дури и во најголемите опоненти, има размислувања дека подобро оваа влада да го реши спорот, за да се тргне тој проблем. Мислам дека ќе излезе победничка варијатна за тој што ќе го реши спорот, а не губитничка, рече Фрчковски.