Мицковски и пренел загриженост на Могерини за неисполнување на реформите

by fokus

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски денеска во Брисел се сретна со о високата претставничка за надворешни работи и безбедносна политика Федерика Могерини.

-Како претседател на најголемата опозициона партија ВМРО-ДПМНЕ изразив загриженост поради неисполнувањето на реформите било на планот на правосудството било на планот на образованието, економските форми исто така. Сето она што се случува во Република Македонија не загрижува и не само што не помага во побрзо одење на патот кон полноправно членство на Република Македонија во склопот на Европската Унија туку и го уназадува тој процес. Исто така ја искористив можноста да ја информирам врокомесарката Могерини за она што се вели состанок кој што го имавме во саботата, а поврзан со проблемот со името кој што имаат Република Македонија и соседна Република Грција. Состанокот кој што го одржа државниот врв, на кој што присуствував јас, владините претставници, претседателот Иванов и господинот Ахмети придружуван од неговите соработници, изјави Мицковски.

 

Поврзани новости