Фоторепортерот на „Фокус“ исклучен од трката за наградата „Жан Моне“

by Фокус

Трите фотографии на Томислав Георгиев од „Фокус“ испратени на конкурсот „Жан Моне“ за избор на најдобра репортерска фотографија на тема Европска Унија, не биле земени предвид и не стигнале до жирито за оценка.

Денеска наградата од 1 000 евра беше доделена во просториите на Европската делегација, како организатор на конкурсот, на кој освен професионална се наградува и аматерска фотографија, но и новинарски текст.

По свеченото доделување на наградите беше организирана изложба на сите пријавени фотографии, но таму не беа изложени и тие на фоторепортерот на „Фокус“.

eu2

Тоа било доволно за Георгиев да се запраша зошто ги нема неговите фотографии. Од ЕУ инфо центарот добил одговор дека е направена техничка грешка и неговите фотографии не завршиле пред жирито.

„Јас сум оштетен, пред се затоа што, во македонски услови наградата е пристојна, па се потрудив да направам неколку фотографии за кои вложив и време и пари. Но најважно од се е дека го вложив мојот профсионален труд и со денови се посветив на тоа. Хипотетички може ќе ја освоев наградата. Немам ништо против колегите кои се наградени, но мене лично ми е направена штета. Не сакам надлежните за конкурсот да се правдаат дека со мојата јавна реакција би се девалвирала наградата или пак, дека нема да постоела во иднина“ – вели Георгиев.

eu3

Инаку тој аплицирал навремено според правилата на Европската делегација, но се уште му е нејасно што значи тоа техничка грешка на организаторот. Најавува дека ќе реагира и до Евро- амбасадорот Аиво Орав кој денеска лично ги предаваше наградите.

Конкурсот „Жан Моне“ се организира по 12-ти пат во Македонија и има за цел да ја поттикне и поддржи репортерската фотографија.

Инаку, наградата ја доби Ѓорги Личовски од неделникот Република, а за аматерска фотографија беше награден Виктор Поповски.

eu nagradena gore levo

За најдобар новинарски текст беше избран текст на Синиша Станковиќ.

Поврзани новости