(ФОТО) Започна скрининг-тестирање за Ковид-19

by Fokus

Попладнево во Скопје започна скрининг-тестирањето по случаен избор кое треба да покаже дали и каков имунитет на КОВИД-19 има населението во земјава за да и помогне на Комисијата за заразни болести и на државата во планирањето на идните мерки.

Тестирањето се планира да се прави на примерок од 1.000 испитаници во главниот град, но има можност да се прошири во целата земја за да се добијат пореални податоци за имунизацијата во овој момент.

Фото – МИА

Поврзани новости