ФОТО Власта и опозицијата на миса во Католичката црква

by fokus

Државниот врв вчера присуствуваше на Светата литургија по повод чествувањето на Католичкиот Божик во Католичката црква „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје. Премиерот Зоран Заев, беше придружуван од свјата сопруга, Зорица Заева, а министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, од својот сопруг, Божидар Јанковски.

На иста клупа седеа и претседателот на државата, Ѓорге Иванов, со својата сопруга.

Од владиниот кабинет на мисата присуствуваа и вицепремиерите Кочо Анѓушев и Бујар Османи.

Лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски на Светата литургија беше придружуван од членот на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Ѓорчев.

Поврзани новости