(ФОТО) Се запали автобус на ЈСП

by Fokus

Се запали автобус на ЈСП„Скопје“ на крстосницата на улицата Киро Глигоров меѓу компаниите Пивара и Фершпед. Од Противпожарната бригада на Град Скопје велат дека нивни екипи се на терен и го гасат опожарениот автобус.

„Засега немаме повеќе информации, освен дека се запалил двокатен автобус на ЈСП. Екипите се на терен и до нивно враќање не можеме да кажеме повеќе“, велат од Противпожарната бригада на Скопје.

 

Поврзани новости