(ФОТО) Протестите во Белград стануваат се помасовни

by fokus 20:50
20:50

Четврти ден по ред се случуваат протести во Србија под насловот „Протест против диктатурата“. Речиси сите големи медиуми се под контрола на новоизбраниот претседател Александар Вучиќ и не известуваат за овие протести, па граѓаните објавуваат фотографии на социјалните мрежи и повикуваат тие да се споделуваат.

Помеѓу демонстрантите е и багеристот Џо, познат по тоа што со багер влезе во зградата на РТС во 2000 година за време на протестите против Милошевиќ.

- Advertisements -

Демонстрантите се главно студенти и млади луѓе, а се повеќе им се придружуваат и останатите граѓани. Тие сметаат дека Вучиќ ги украл изборите, а на нив гласале и починати луѓе.

Поврзани новости