Повеќе од половина од граѓаните сметаат дека СДСМ треба да формира влада

by fokus

51,4 отсто од македонските граѓани сметаат дека СДСМ и коалициските партнери имаат право да ја предводат новата влада, покажуваат резултатите од испитувањето на јавното мислење спроведено од 17 до 21 март од американскиот Национално-демократски институт НДИ.

Наспроти ова, 30,3 отсто од граѓаните сметаат дека СДСМ и коалициските партнери немаат право да ја формираат новата влада.

Околу 40 отсто од граѓаните сметаат дека формирањето Влада од мнозинството пратеници е легитимно и без претседателот да го додели мандатот, а 34 проценти имаат спротивно мислење.

Формирање на Влада во Собранието од мнозинството пратеници според речиси 33 отсто од испитаниците е излез од моменталната политичка криза, а околу 21 отсто сметаат дека тоа се нови парламентарни избори.

Поврзани новости