Решението за лустрација на Карајанов падна во Стразбур

by fokus

Европскиот суд за човекови права ја усвои жалбата на Петар Карајанов, на кој  Комисијата за лустрација во 2013 година му издаде решение дека соработувал со службите од времето на комунизмот.

Европскиот суд за човекови права во Стразбур преку пресуда утврди повреда на членовите 6 (правично судење) и 8 (почитување на приватниот и семејниот живот) од Европската конвенција за човекови права во случајот на Петар Карајанов против Република Македонија.

Жалбата беше подготвена од Хелсиншкиот комитет во 2013 година.

-Оваа пресуда го потврдува нашето неколкугодишно тврдење дека Комисијата за лустрација работеше како гол инструмент на владејачките партии во отворена политичка пресметка со политичките противници и неистомисленици, соопшти Хелсиншкиот комитет.

Поврзани новости