(ФОТО) Не се „освојува“ Скопје така лесно: Македонија ЃП ремизираше со ЦСКА Софија

by Fokus

Освојувачот на Националниот куп, Македонија Ѓорче Петров одигра реми без голови (0-0) против ЦСКА Софија во првиот натпревар од двомечот во 2. коло во „најмладото“ европско клупско натпреварување, Конференциската лига.

Тимот од Скопје го издржа овој меч, ако се знае дека цело полувреме играше со играч помалку, откако на крајот на првото полувреме беше исклучен Матеус.

И покрај таквиот развој на настаните, бугарската екипа не успеа да го загрози голот на Стевковски, кој во неколку наврати одлично интервенираше. Жешкото време ги исцрпуваше силите на фудбалерите на двете страни кои машки се бореа во секој дуел, обидувајќи се да го загрозат противничкиот гол.

И двата тренери со неколку измени се обидоа да ја освежат играта, но до крајот на натпреварот немаше промена на резултатот. Реванш дуелот е за седум дена, а „лавовите“ се надеваат на сензација против бугарскиот гигант.

Фото – Томислав Георгиев

Јорданчо Цветаноски

Поврзани новости