Шкендија продолжува одлично, победа и против Валмиера

by Fokus

Шкендија одигра одличен натпревар попладнево и е на добар пат да го помине и второто квалификациско коло во Конференциската лига откако со 2-1 славеше на гостувањето кај Валмиера во Летонија.

Тетовци одигра уште еден одличен европски натпревар и со предност ќе го почнат реваншот во Скопје. Шкендија прва дојде до водство преку голот на Дориев во деветтата минута со 1-0, а израмнувањето на резултатот се случи во финишот на првиот дел кога Геј изедначи на 1-1.

Сепак, во второто полувреме Шкендија даде уште еден гол, овојпат погоди Гури во 63. минута, го врати водството на својот тим и донесе победа од 2-1.

Поврзани новости