ФОТО Мијалков пристигна на судењето за масовното прислушување

by Fokus

Екс шефот на тајната полиција Сашо Мијалков пристигна во судот, каде што треба да започне рочиштето за случајот „Таргет – Тврдина“ на СЈО.

Освен него, во судот пристигна и поранешната министерка за внатрешени работи, Гордана Јанкулоска.

Во овој случај се опфатени и поранешните началници во УБК, Горан Грујевски и Никола Бошковски кои се пребегани во Солун и за кои денеска се носи одлука за ексрадиција.

Случајот „Таргет“ се однесува на незаконското следење на комуникациите во период од 2008 до 2015 година. Обвинетите се  товарат за кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување при прислушувањето на најмалку 5.827 телефонски броеви или 20.017 нелегално прислушувани граѓани.

В.В.
Фото: Томислав Георгиев

Поврзани новости