Покрената кривична пријава и дисциплинска постапка против инспектор од Кочани

by fokus

Против полициски службеник од Кочани е поведена дисциплинска постапка, а до завршувањето на постапката ќе биде суспендиран од работното место, информираат од Министерството за внатрешни работи. Инспекторот З.С. вработен во Надворешната канцеларија за криминалистички работи во Кочани, се сомничи за злоупотреба на службената положба и овластување.

Според информации од МВР, против него е поднесена и кривична пријава. Се товари дека со непревземање на службени дејствија во рамките на овластувањата, дозволил да застарат кривични пријави со што предизвикал штета на засегнати граѓани од 409.000 денари.

Поврзани новости