Судот во Солун одлучува дали бегалците Грујевски и Бошковски ќе ги врати во Скопје

by Fokus

Судечкиот совет на Солунскиот суд денеска треба да ја соопшти одлуката за барањето на македонските власти за екстрадиција на Горан Грујевски и Никола Бошковски во Македонија.

– Чекаме денеска Судот да ја соопшти одлуката. На минатите рочишта како сведоци бевме сослушани само јас и Александар Даштевски – изјави за МИА адвокатот на обвинетите, Петар Василев.

Тој посочи дека доколку Судот одлучи позитивно на барањето за екстрадицијата, како одбрана имаат право на жалба до Врховниот суд во Атина, во рок од 24 часа.

Поврзани новости