(ФОТО) Крушевчани ги засукаа ракавите и го исчистија ѓубрето од Мечкин Камен

by Fokus

По завршувањето на манифестацијата на Мечкин Камен во Крушево за празникот Илинден, граѓаните оставија еден куп ѓубре на широката површина кај ова историско место.

Ваквата ситуација наиде на лавина негативни коментари на смета на посетителите, а ЈП Комуна – Крушево, заедно со градоначалникот Томе Христоски доцна попладнево го исчистија сето ѓубре оставено на тревата.

„Денес поминавме еден убав ден. Го одбележавме празникот Илинден на еден достоинствен и мирен начин со многу посетители од цела држава. По завршувањето веднаш пристапивме кон чистење на просторот за од утре истиот да може да се користи за пикник и прошетки на крушевчани и сите туристи во Крушево“, изјави градоначалникот.

Поврзани новости