Косовскиот амбасадор: Екстрадиција на Морина ќе ги наруши односите на Косово и Северна Македонија

by Fokus

Екстрадиција на Томор Морина не смее да има, затоа што тоа ќе ги наруши односите на Косово и Македонија, смета косовскиот амбасадор Ѓерѓ Дедај во изјава за ТВ21.

 

-Сепак, потсетувам дека неговата екстрадиција целосно се коси со човековите права и е незаконска и неприфатлива. Не треба да се случи, бидејќи можното екстрадирање веќе нема да биде на лична штета на Томор Морина, туку може да има последици врз меѓудржавните односи меѓу Република Косово и Република Северна Македонија. Не би сакале ваквите случаи да влијаат за можно нарушување, за кое, ние како Косово, воопшто не сме заинтересирани-рече амбасадорот Дедај.

Поврзани новости