511
На само 10 минути пред одбрана на докторатот, поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, се пријави во скопскиот Кривичен суд, па потоа замина на Економскиот факултет. Груевски секој петок има обврска да се пријавува во судот, како мерка на претпазливост по барање на СЈО.
Груевски за денес во 12 часот има закажно одбрана на докторската дисертација на тема „Економските ефекти на различните видови меѓународни текови на капитал, со посебен осврт на Република Македонија“.