Форумот на слободоумни патриоти бара прогласување на вонредна состојба

by fokus

Форумот на слободоумни патриоти денеска испрати соопштение во кое се вели дека неприфатливо е однесувањето на државата и нејзините институции и начинот на кој тие се справуваат со кризата. Форумот побара да се прогласи вонредна состојба.

„Итно ја повикуваме Владата, Министерството за внатрешни работи, Министерството за одбрана, како и Дирекцијата за заштита и спасување и Центарот за управување со кризи:

– Раководењето со кризниот штаб да го превземе АРМ, по не знам кој пат се покажа дека Тодоров освен за сликање, за ништо друго не го бидува
– Ги повикуваме пензионираните припадници на Министерството за внатрешни работи и Министерството за одбрана да се вклучат во расчистувањето на поплавите. Станува збор за докажани професионалци, кои ќе одговорат на висина на задачата.
– Да се прогласи вонредна состојба и целата администрација да се упати во погодените подрачја, се со цел побрзо и поефикасно да им се помогне на луѓето.
-Итно да се имплементира стратегијата за справување со природни незгоди, бидејќи според нас, заради неконтролираната градежна експанзија планината Водно е едно од следните критични подрачја.
Исто така ги повикуваме политичарите веднаш да прекинат со пропагандата, да прекинат да парадираат низ поплавените региони и да креваат тензии, на населението им треба помош, а не сликање“, побараа од Форумот.

 

Поврзани новости