Чешка испраќа 8 генератори и 47 пумпи за поплавените подрајча

by fokus

Противпожарната бригада на Чешка на барање на Македонија утрово испрати 8 генератори и 47 пумпи за чистење на тиња за македонските поплавени села.

Како што соопшти портпаролката на Генералниот директорат на Противпожарната бригада на Чешка Никол Заоралова, Македонија побарала химанитарна помош со посредство на Европскиот систем за комуникација при кризни ситуации.

-Чешка, која има богато искуство при решавање на поплавени подрачја, на Македонија и понуди осум генератори и 47 пумпи за чистење на тиња и земјата ја прифати понудата, рече Заоралова.

Поврзани новости