Фор дер Лајен: Не советувам планирање на летниот одмор

by Fokus

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен порача дека поради пандемијата на корона вирус треба да се почека со планирањето летен одмор.

– Советувам да почекате со таквите планови. За јули и август се уште никој не може да даде сигурна прогноза, рече Фон дер Лајен во интервју за германски „Билд“.

На прашањето во однос на одлуката на германската Влада да им се издаваат на луѓето бонови како противвредност на патувањата кои поради пандемијата се откажани, таа одговори дека тие, правно гледано, имаат можност да бираат дали да им се вратат парите или да добијат бонови.

Поврзани новости