Фондацијата на партијата на Меркел, со остри критики за „сестринската” ВМРО-ДПМНЕ

by fokus

Фондацијата на германската владејачка конзервативна партија ЦДУ на канцеларката Ангела Меркел упати остри критики за недемократско однесување кон ВМРО-ДПМНЕ. Во анализа објавена денеска на интернет-страницата на фондацијата „Конрад Аденауер“, сестринската партија од Македонија се критикува поради нејзиното одбивање да се реформира, дезавуирањето на државните институции, како и поради критиките кон странските амбасадори, пренесе Дојче Веле.

Во анализата под наслов „Народот одлучи“, се наведува дека изборите, иако биле досега најслободните и најдемократски, не донеле политичка стабилност. „Напротив, последните денови беа пример за недемократско однесување пар екселанс. Кризата во државата нема крај. Последиците би можеле да бидат и немири“, пишува авторот Јоханес Реј.

Со меѓунасловот „Игнорирање на гласачката волја“, започнува и серијата критики кон ВМРО-ДПМНЕ.

„Со губењето на 19 пратенички места, гласачите ѝ испратија јасен сигнал за промени на владејачката коалиција, сигнал кој пред сѐ не се прифаќа од ВМРО-ДПМНЕ. Наместо да се иницираат внатрепартиски реформи, се прави обид да се задржи еродираната власт. Со објавата на Прогласот и говорот на Груевски пред седиштето на ДИК минатата сабота се попречуваат ДИК и Управниот суд, нивните членови се дезавуираат, и се затвора вратата за меѓународната заедница.

Останува нејасно, зошто партискиот врв, без потреба, уште пред одлуката за жалбите на опозицијата, ѝ го соопшти ова на јавноста. Очигледно не постои никаква доверба во државните институции“.

Целиот текст прочитајте го тука.

Поврзани новости