Живко Митревски исклучен од УПОЗ

by fokus

Поранешниот претседател на Сојузот на синдикати на Македонија,кој одбива да ја напушти функцијата, едногласно е исклучен од членството на Синдикатот на УПОЗ.

Ваква одлука била донесена вчера, откако 5000 членови на гранковиот синдикат се изјасниле оти сметаат дека тој го прекршил Статутот на УПОЗ, не ги почитувал одлуките донесени од органите и телата и деструктивно делувал и влијаел врз останатите членови на Синдикатот.

-Користејќи ја својата позиција а со помош на политичка партија и функционери од истата се обиде да направи упад во Синдикатот на УПОЗ со цел за нестатутарна промена на раководството на Синдикатот на УПОЗ. Вакви упади веќе направи во Синдикатот за сообраќај и врски и во Синдикатот на одбрана и безбедност каде нестатутарно беа променети претседателите на овие синдикатите, а во овој момент упад прави во Синдикатот на работниците од угостителството, туризмот, комунално станбеното стопанство, занаетчиството и заштитните друштва на РМ (СУТКОЗ) и во Агро синдикатот. Исто така тој во со дејство со одредени структури во Министерството за труд и социјална политика ја попречуваше регистрацијата на синдикалните организации во надлежниот регистар при Министерството за труд и социјална политика, ги опструираше сите активности на Синдикатот на УПОЗ и политички го етикетираше – стои во соопштението на УПОЗ.

Живко Митревски во писмена реакција демантираше дека е член на УПОЗ.

Поврзани новости