961
Финансиската полиција отворила предистрага за случајот „Фризерница“ за распределбата на европските пари од програмата „Еразмус“.
Оттаму за Алсат потврдиле дека е отворена предистрага за Националната агенција за европски образовни програми, во координација со Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција. Детали не се откриваат поради тајноста на предистрагата.
-Од наша страна се преземаат мерки и активности, согласно со Законот за кривична постапка, изјавиле од Управата за финансиска полиција.