Финансиска помош од ОБСЕ за поплавените

by fokus

ОБСЕ донира 20 илјади евра помош за најпогодените подрачја од поплавите во Скопско и Тетовско.

„Во овие тешки моменти, ние сме покрај граѓаните на оваа земја и се надеваме дека ОБСЕ и меѓународните организации ќе помогнат во брзо враќање на нормалните услови за живот во погодените подрачја“, изјави заменик-шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Стивен Дејвис.

Инаку, Мисијата на ОБСЕ во земјава веќе донираше генератори за струја, рачни светилки и организира волонтерски тимови за расчистување на остатоците и калта. Волонтерскиот тим „Блосом фонд“ на Мисијата на ОБСЕ, исто така, донираше 1 500 евра.

Поврзани новости