Филмот „Опенхајмер“ фаворит на вечерашното доделување на Оскарите

by fokus

Американската академија за филмски уметности и науки доцна вечерва во Долби Хол во Лос Анџелес ќе го одржи 96-тото доделување на Оскарите, а фаворит е филмот „Опенхајмер“ со 13 номинации.

Главен фаворит е блокбастерот „Опенхајмер“ на Кристофер Нолан за животот и делото на „таткото“ на атомската бомба, кој освои дури 13 номинации. Ова достигнување ги „собра“ речиси сите големи награди оваа година и на крајот од претходната година, вклучувајќи го и Златниот глобус, наградата на критиката, БАФТА, САГ и многу други.

Неколку познати личности, меѓу кои и внукот на Роберт Опенхајмер – Чарлс, потпишаа неодамнешно отворено писмо во кое се за нуклеарно разоружување.

Писмото како дел од иницијативата „Make Nukes History“ го потпишаа, меѓу другите, актерките Ема Томпсон и Џулијан Мур.

Филмот „Poor Things“ на Јоргос Лантимос за женската верзија на Франкенштајн во викторијанската ера доби 11 номинации, додека филмот „Killers of the Flower moon“ на познатиот Мартин Скорсезе за убиствата на Индијанците во американската држава од Оклахома на почетокот на 20 век, доби 10 номинации.

Адаптацијата „Барби“ на Грета Гервиг доби осум номинации, соопшти Академијата, чии номинации беа објавени на 23 јануари.

Домаќин на церемонијата ќе биде комичарот Џими Кимел, кој неколку пати беше домаќин на доделувањето.

Оскарите ја завршуваат сезоната на филмски награди.

Поврзани новости