Поплави во Индонезија – евакуирани над 70 илјади луѓе, 19 загинати

by fokus

Во поплави и одрони во провинцијата Западна Суматра во Индонезија животот го загубија 19 лица, а седум се водат за исчезнати. Повеќе од 70.000 луѓе се евакуирани поради обилните дождови и поплавите.

Катастрофите што го зафатија главниот град на провинцијата Паданг и осум други области оштетија речиси 700 домови, десетици мостови и училишта и поплавија околу 280 хектари земјоделско земјиште, пренесува Ројтерс.

Индонезиската агенција за спасување трага по исчезнатите, а работата на спасувачите е отежната поради тоа што патиштата се блокирани поради лизгање на земјиштето.

Според Абдул Мухари, портпарол на Националната агенција за управување со катастрофи (BNPBE), евакуираните биле сместени во најблиските џамии бидејќи засега не се обезбедени други привремени засолништа.

– Евакуираните добија храна, вода и лекови, а некои се вратија во своите домови бидејќи водениот бран ослабна – изјави Мухарија.

Поврзани новости